Како до правилен избор на обувки за планинарење

Кога станува збор за планинарење или прошетка во природа обувките претставуаат проблем за тоа како да се одберат правилни обувки, а притоа да се чувствуваме комфорно при движењето и да уживаме во убавините на природата.

Три сезонските обувките се наменети за планинарење во услови на потопло време, пролет, лето и есен, но можат да се користат и во зима на пониски планини каде температурата не се симнува далеку под нулата и каде што планинарската тура е пократка.

Градбата на планинарските обувки се состои од повеќе делови, како што е ѓон (Sole), меѓуѓон (midsole), влошка (insole), постава (lining), надворешен слој (Upper), врвки и јазик.

Повеќе за градбата и начинот на избор на правилни обувки може да ги погледнете во следново видео.