Дај за крај нешто благце па утре ќе му ја мислам

Уффффф… Ова е првото нешто што повеќето луѓе го кажуваат утрото после некоја прослава, слава или вечера помината заедно со пријатели или роднини.

Било какви прослави претставуваат одличен начин да внесете значително поголема количина на храна и калории потребната, кои најчесто завршуваат околу половината или задникот во вид на масно ткиво.

Не познавам човек кој за време на вакви настани би останал рамнодушен на разни салати, кифлички, леб, лепиња, месо и разни преливи, значителна количина на алкохол и се разбира сето ова се завршува со колачи или торта. Мал е бројот луѓе (барем јас не припаѓам во таа категорија) кои би останале рамнодушни на сето ова и цела вечер би ја поминале со кикирики, бадеми, некое парче месо и салата и би си отишле без да пробаат од тортата или колачите.

Прашањето е: Што да можете да направите наредниот ден кога ќе станете поспани, можеби сеуште под дејство на алкохол, со чуство на тежина во стомак од сета изедена храна предходната вечер и можеби чуство на вина кај оние посериозни рекреативци или спортисти?

Сметам дека нема потреба од паника, а уште помалку пак избегнување на било какви видови на прослави или забави.

Ќе набројам неколку методи кои се релативно ефикасни во подобрување на метаболизмот на масти и нивно искористување, особено после бурна ноќ.

1. Ладна Термогенеза – процес на создавање топлина при изложување на телото на ладно.

Процесот на ладна термогенеза предизвикува ослободување на адипонектин (протеин во телото одговорен за регулирање на глукозата во крвта и разградување на масните киселини). Адипонектинот предизвикува зголемено ослободување на масни киселини од масното ткиво кои се транспортираат до мускулните ткива за да бидат искористени како „гориво”.

Како да применувате ладна термогенеза?

– Туширање со лада вода неколку пати на ден или пливање во ладен базен (кога мислам ладен, мислам доволно ладен за да бидете наежени)
– Сега е зима па наместо ладни тушеви или како додадок можете да применувате прошетки на отворено со минимална облека (една маица и кратки шорцеви). Задолжително ставете ракавици, капа и топли обувки;

Ладната термогенеза можете да ја комбинирате со топол туш. Преминот од топло на ладно нема толку големо влијание на метаболизмот на масти и нивното  искористувањето колку што има позитивен ефект на кардиваскуларниот систем преку создавањена азотен оксид (ова најчесто можете да го видите како една од многуте состојки во препаратите кои се земаат пред тренинг) кој предизвикува вазодилатација (проширување на крвните садови) овозможувајки зголемен проток на нутриенти и зголемена будност.

2. Практикување на физичка аквивност на празен стомак или во состојба на пост

После настан, прослава или вечера со пријателите каде немам контрола врз менито практикувам да не јадам ништо во наредните 12 до 16 часа. Тоа значи дека наредниот оброк би бил ручек околу 12 часот на пладне. Покрај постот одличен начин да го започнете нaредниот ден е со практикување на физичка активност со низок интензитет. Ова може да вклучи јога, прошетка низ природа, лесно возење точак, трчање.

Практикувањето на физичка активност во состојба на пост ќе овозможи многу полесно да се дојде до мастите како извор на енергија. Се разбира доколку сте во состојба и разположени за било каква физичка активност. Во спротива покрај постот, можете да практикувате ладен туш.

3. Примена а висико интензивен или силов тренинг

Добро е познато дека високо интензивниот тренинг заедно со силовиот тренинг (во овој случај до појава на замор) предизвикуваат искористување на гликогенот и празнење на гликогенските депоа. Со ова правите место за нови јаглехидрати кои ќе ги внесете со конзумирање на храна.

4. Сауна

Со практикување на сауна ќе добиете двоен ефект. Зголемено топење на масти и детоксификација на целото тело.

Сметам дека ова се одлични стратегии и техники кои ќе ви помогнат да ги поминете Новогодишните и Божиќните празници без притоа да се грижите за вашата пост-празнична тежина.