ПК Македон на северен кулоар на Бориславец

Викендот шестчлена група планинари од ПК Македон го искачија врвот Бориславец, Шар Планина преку северен кулоар во близина на Боговинско езеро. 

Пишува – Петар Ивановски – ПК Македон

Стартувавме од с. Ново Село – Боговиње,Гостиварско. Го заобиколивме Боговинско Езеро и се упативме кон врвот Бориславец. Решивме да го искачуваме преку северниот кулоар. Кулоарот беше долг околу 300 м. снегот на почетокот беше длабок, а при врвот се помалку го имаше. При качувањето сретнуваме и сипар, па затоа моравме да бидеме многу внимателни. На одредени места бевме принудени да користиме и цепин.

Косината при искачување изнесуваше од 30°до 40°. На акцијата учествуваа членовите на ПК Македон: Петар Ивановски, Дејан Тодевски, Димитар Павловски, Дејан Атанасов, Дарко Јаневски и Андреја Јакимовски