Пикантни костени во фолија
Вкусно мезе за со чаша добро црвено…
- Половина килограм костени
- 50 грама путер на коцки
- 2-3 гранчиња рузмарин
- сол и бибер
1. Костените се засекуваат со ноже на заоблената страна.
2. Во тенџере се зоврева вода и костените вријат 2-3 минути, се сушат со крпа.
3. Костените се ставаат во фолија заедно со сите состојки и фолијата се собира како кеса, но се остава мал отвор на средина.
4. Се печат на 170 степени 45 минути.