Печена тиква со цимет

Комбинација од здрав десерт со зимска арома која ќе ве стопли од внатре…

 
  • 1 тиква
  • 1 лажичка цимет
  • мед
  • брусница
  • рузмарин
 

1. Тиквата се сече на покрупни парчиња и се отстрануваат семките.

2. Се наросува цимет и гранчиња рузмарин и се пече на 200 степени околу 40 минути.

3. Додека е топла се полева со мед и се додава брусница.

4. Одлично прилега една чаша црвено вино…

Повеќе за тиквата: ТИКВЕНИК СО ФАКТИ