Смути од киви

Витамин Ц во течна форма…

 
  • 500 грама киви
  • 1 лимон
  • парче ѓумбир
  • 50 грама ленено семе
 

Утринското смути е најдобрата опција да си послужите доза витамини и нутрициенси, без многу многу да му ја мислите. 

Нож за лупење, блендер и чаша по ваш ќеиф е опремата што ви е потребна, а ве охрабруваме да не е држите строго до рецептот, туку слободно експериментирајте со количината и соодносот на состојките. Се заедно се комбинира во блендер и се додава вода според ваш вкус, блендирате и пиете.

Нам оваа комбинација многу ни се допадна, а доколку барате дополнителна инспирација кликнете на следниот линк: #СМУТИ