Комерцијален текст

Енергетски бомбици

Фичо ќе ни покаже колку лесно може да направиме брз и здрав десерт. Ќе ни даде различни идеи за енергетски бомбици!

  • За ПРВИТЕ ќе ви треба:
  • 60 гр. непечени бадеми
  • 25 гр. индиски ореви
  • 125 гр. дехидрирани урми
  • сок од една лимета
  • малку сол
  • кокос за валкање
  • За ВТОРИТЕ ќе ви треба:
  • 100 гр. урми
  • 1 лажица чиа семе
  • 80 гр. мед
  • 60 гр. овесни снегулки
  • 60 гр. сушено манго
  • 60 гр. темно чоколадо
  • малку сол
  • За ТРЕТИТЕ ќе ви треба:
  • 100 гр. суви сливи
  • 50 гр. урми
  • 60 гр. овесни снегулки
  • 50 гр. суви кајсии
  • какао за валкање

Подготовка

1 За првите бомбици сите состојки ставете ги во Нутрибулетот и блендирајте додека смесата не се изедначи. Направете мали топчиња и валкајте ги во кокос.

2 За вторите бомбици сите состојки блендирајте го во Нутрибулетот додека смесата не се изедначи. Овие бомбици не мора да ги валкате.

3 За третите бомбици сите состојки изблендирајте ги во Нутрибулетот додека смесата не се изедначи. Направете мали топчиња и валкајте ги во какао.

4 Сервирајте!

 

СОВЕТ: Овие мерки и состојки се само предлог. Направете комбинација по ваш вкус, или од состојки кои ги имате во моментот!

* Лесно се подготвуваат за 30 минути, а дозата е за 4 лица.