Пилешко на азербејџански начин

Слатко-солени комбинации кои ви ја приближуваат кавкаската кујна…

 
  • 500 грама пилешко месо
  • 300 грама дренки
  • 2 главици кромид
  • 50 грама путер
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • сушено нане
  • сол и бибер
 

1. Пилешкото месо се сецка на крупни парчиња, се посолува и се наросува со мелен црн бибер според вкус.

2. Кромидот се сецка на коцки и се пропржува на путер заедно со една лажица кафеав шеќер за да карамелизира.

3. Во тавчето при крај се додаваат дренкире, да се пропржат 2-3 минути.

4. Месото посебно се пржи на малку маслиново масло и се додава во мешавината од кромид и дренки. Се наросува сушено нане и сол и бибер по желба