Кисели крцкави кромитчиња
Вкусни и конзервирани, одличен додаток кој може да го имате на полица секое време…
- мали кромитчиња колку ви душа сака
- рачунајте за секоја тегла:
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче шеќер
- 1 мала чашка акохолен оцет (чашка за ракија)
- вода
- зрна бибер
- ловоров лист
1. Кромитчињата се лупат, а за да си го олесните овој процес ставете ги во топла вода неколку минути, а потоа во ладна.
2. Се редат во тегла заедно со биберот и ловоровиот лист и се додаваат сите останати состојки, а на крај се налеваат водата и оцетот.
3. Толку. Чекате да скиселат извесно време и потоа крцкате кромитчиња 🙂