Чоколаден афродизијак
Прекрасно секс-стимулативно мезе, а одлично прилега со 100 мл вранец…
- 200 грама темно чоколадо
- 1 калинка
- 2 лажици рендан ѓумбир
- 1 лажица хималајска сол
1. Чоколадото се растопува на пареа во стаклен сад и се додава ѓумбирот.
2. Калинката се чисти и половина од зрната се додаваат во растопеното чоколадо.
3. На плех обложен со хартија за печење се истура чоколадото и се распространува со шпатула, дебелината треба да е до 1 цм.
4. Се попрскува одозгора со остатокот од калинката и со хималајската сол.