Изборно државно првенство во кикбокс за сениори посветено на Димче Кичевски

Резултати од државното првенство во Кик бокс за сениори

Во саботата (19.09.2015г.)во спортската сала ,,Работнички ” во Скопје се оддржа државно изборно сениорско првенство во дисциплините од кик бокс спортот за избор на репрезентацијата која ќе ја претставува Македонија на светското првенство во Белград во месец октомври.

Техничката организација беше на клубот ,,Каринг “ од Скопје, кој се погрижи се да помине во најдобар ред, а покажаната организација заслужува само пофалби. Учество земаа 118 спортисти од 19 клубови. Првенството беше посветено на неодамна починатиот Димче Кичевски кој голем дел од својот живот го посвети на кик бокс спортот како тренер и селектор. За отворено го прогласи градоначалникот на општина Центар Г-дин Андреј Жерновски. Присутната публика која броеше повеќе од 600 гледачи во салата имаше задоволство да ужива во квалитетните борби кои беа одлик на целото првенство.

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ

Дисциплина ЛОУ КИК

жени

  • 1 место +70 кг Моника Иванова Зоран тим Струмица

мажи

  • 1 место -63,5кг Денис Муаремовски Зан шин Битола
  • 1 место -67кг Пепи Велков Зоран тим Струмица
  • 1 место -75кг Бобан Илиоски Шампион Скопје
  • 1 место -81кг Димитар Ѓорѓиев Гладијатор Неготино
  • 1 место -91кг Милан Кубин Водно кик Скопје

Дисциплина К1

  • 1 место -67кг Златко Стојменовски Скопје Скопје
  • 1 место -71кг Наумовски Александар Калифорнија академи
  • 1 место -75кг Бобан Илиоски Шампион Скопје
  • 1 место -81кг Мики Ивановски Сан лион Делчево
  • 1 место +91кг Александар Димовски Самурај Битола

Дисциплина КИК ЛАЈТ

Жени

  • 1место -70кг Стефани Тодорова Фајт тим Скопје

Мажи

  • 1место -63кг Виктор Дуковски Фајт тим Скопје
  • 1 место -74 кг Наим Самиу Тетова Тетово
  • 1 место -69кг Ненад Манојловски Шампион Скопје
  • 1место -79кг Димитар Ѓорѓиев Гладијатор Неготино
  • 1 место -89кг Адем Адеми Тетова Тетово
  • 1 место +91кг Валентин Јовиќ Зоран тим Струмица

Селекторот Дејан Митровски беше задоволен од прикажаниот квалитет на борбите како и од подготвеноста на самите кик боксери. Со списокот за кандидати за репрезентација ќе се произнесе во најкраток можен рок.