Еротичен сируп од смокви
Препорачуваме да се консумира на свеќи, во комбинација со добро вино и вашата друга половина…
- 300 грама смокви
- 3 лажици мед
- 100 мл бело вино
- гранче рузмарин
1. Смоквите се лупат и се ставаат во тенџерче, им се додава медот и белото вино.
2. Рузмаринот се чисти од гранчето и игличките се ситнат со нож на даска за сечење, се додава во садот.
3. Се вари на тивко околку 15 минути и добивате прекрасен додаток за сладолед, пишкоти или кекс.