Паштета од пиперки и урда
Лесен и вкусен намаз кој може да се консумира веднаш или да се спакува во тегли и кратко да се пастеризира за да имате спремна веге паштета за во зима…
- 1 кг печени пиперки
- 300 грама урда
- 50 мл маслиново масло
- 3 чешниња лук
- малку ким
- китка магдонос
1. Зелените пиперки се печат и лупат, а потоа се блендираат заедно со лукчето.
2. Се пропржуваат на маслиново масло и се зачинува.
3. Откако ќе се излади смесата се меша со урдата и магдоносот и добивате веге паштета со прекрасен вкус и дискретна арома на лукче.