Сливи со лаванда

Одличен и брз десерт, одличен со топка сладолед…

 
  • 300 грама сливи
  • 1 голема лажица путер
  • 2 големи лажици мед
  • 1 гранче сушена лаванда
 

1. Сливите се сечат напречно на половники и им се вадат семките.

2. Путерот медот и лавандата во тавче на тивко се соеднуваат и се добива течна смеса.

3. Со засечениот дел се редат во тавата и се премачкуваат со смесата од путер, мед и лаванда.

4. Се печат на 200 степени околу 20 минути.