Крцкава кисело-лута боранија

Неколку теглички од оваа зимница ќе ви бидат вистински празник за трпезата…

 
  • Состојки за 4 тегли:
  • 1 килограм боранија
  • 10тина чили пиперчиња
  • 400 мл алкохолен оцет
  • 4 лажици сол
  • 4 лажици шеќер
  • неколку листови целер
  • дафинов лист
  • бибер во зрно
  • вода за дополнување на теглите
 

1. Свежата боранија убаво се мие под млаз вода и убаво се исцедува.

2. Секоја тегла се полни со боранија, 2-3 пиперчиња, неколку дафинови листови и зрна бибер.

3. Во секоја тегла се додава лажичка сол, лажичка шеќер и 100 мл алкохолен оцет.

4. Теглите се дополнуваат со вода и се затвараат со капак.