Како да одгледата емоционално интелигентно дете

Зошто е важна емоциoналната интелигенција?

Емоционалната интелигенција помага за здрав и оптимален развој. Детето кое поседува висок степен на емоционална интелигенција има вештина да ги препознае своите емоции, да знае да ги разликува емоциите, знае да ги контролира своите емоции, како и да ги разбира емоционалните состојби на другите луѓе.

 

На тој начин, детето има подобри шанси за успех понатаму во животот, во работната средина, во градењето пријателства, емоционални врски и семејство.

Детето кое поседува високо ниво на емоционална интелигенција има способност да ги идентификува и да ги искажува сопствените чувства. Пример: тажен/а сум, среќен/а сум, лут/а сум на…

Има способност истите чувства да ги поврзе со одредено однесување. Пример: кога сум тажен/а плачам, кога сум среќен/а се смеам, кога сум лут/а сакам да скршам нешто и сл.

Детето кое ги стекнало овие вештини понатаму може да ја развие вештината на пренасочување на чувствата.

За да му помогнете на детето да ја развива својата емоционалната интелигенција треба да му се понуди можност да ги изрази своите автентични доживувања на едноставен начин, да му помогнеме да научи само да ги решава своите проблеми, и да има можност да искуси и непријатни емоции без претерано да го заштитуваме. На тој начин кај детето се зголемува самодовербата и учи повеќе вештини.

Понудете им на децата да учествуваат во различни социјални ситуации. Ограничете го времето поминато пред компјутер, таблет или телевизор, поттикнувајте читање. Емоционалната интелигенција се гради преку учество во различни социјални ситуации, преку контакти со врсници и други деца.

За крај, не заборавајте дека вие сте моделот според кој вашето дете учи. Бидете искрени и доследни во изразувањето емоции. Зборувајте отворено пред детето на јазик кој е соодветен на нивната возраст.

 

Детска академија “Браинобраин Европа”