Печурките на Шар Планина

На Шар Планина се познати вкупно 365 видови габи од кои 210 се лигниколни, а останатите се териколни.

Најчести видови на Шар Планина се: Agaricus campestris (полски шампињон), Agaricus macrosporus (голем шампињон), Amanita rubescens (бисерка), Armillaria mellea (меденка), Boletus edulis (летен вргањ), Bovista plumbea (оловносива пувка), Cantharellus cibarius (лисичарка), Lactarius piperatus (лута млечка), Lepista nuda (виолетка), Lycoperdon perlatum (тиквеста пувка), Marasmius oreades (самовилско каранфилче), Mycena pura (виолетова шапка), Russula cyanoxantha (виолетово-зелена гулапка), Stereum hirsutum (жолт стереум) и неколку други видови.

Од паразитските видови карактеристични се: Armillariella mellea (меденка), Fomes fomentarius (трат), Fomitopsis pinicola (црвенопојасен трат), Ganoderma applanatum (плосната сјајница), Polyporus squamosus (пастрмка), Laetiporus sulphureus (комтска погача) и Trametes gibbosa.

Околу 80 видови може да се користат за човекова исхрана. Од овој аспект најзначајни се: Amanita caesarea (јајчарка), Boletus edulis (летен вргањ), Boletus aestivalis (мрежестоног вргањ), Boletus aereus (црн вргањ), Boletus pinophilus (боров вргањ), Cantharellus cibarius (лисичарка) и Morchella spp. (смрчки).

Неколку видови габи на Шар Планина може да се сметаат за ретки видови.

Видовите Agaricus campestris, Agaricus macrosporus, Amanita caesarea, Auricularia auricular-judae, Basidiodendron caesiocinerea, Boletus rhodoxanthus, Boletus satanas, Boletus regius, Craterellus cornucopioides, Exidia pythia, Lopharia spadicea, Macrolepiota procera, Phlebia griseo-flavescens, Sarcodon imbricatus и Volvariella bombycinaсе предложени за заштита на Прелиминарната црвена листа на габи во Република Македонија.

ИЗВОР

Автор

PK Ljuboten

Тетово

Македонија