Диња со ѓумбир
Слатката диња надградена со малку кисело-лут меден сос. Уживајте…
- 1 диња
- рендан ѓумбир
- сок од 1/2 лимон
- 2-3 лажици мед
- ким
- свежо нане
1. Дињата се сече на резненца или коцки
2. Одозгора се истиснува лимон, се накапува мед и се ренда ѓумбир.
3. Се декорира со ливчиња свежо нане.