Летни канапеи
Комбинација за разладување и освежување…
- 1 парче лубеница
- интегрален леб на парчиња
- 100 грама павлака
- 1 лажица рендана кора од лимон
- 1 лажица мед
- свежо нане
1. Со помош на модлица се сечат парчиња од лебот и лубеницата.
2. Павлаката се меша со лимонот, медот и сецкано нане.
3. Се формираат канапеи од слој леб, па павлака, па лубеница.
4.Декорираме со малку павлака и ливче нане.