Светското Првенство Казан 2015

Блажевски и Богдановски пред нов предизвик

Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, олимписките стипендисти на МОК, ќе настапат на светското првенство во пливање во Казан, Руска Федерација.

Во таа насока, нивниот тренер Боро Блажевски информира:

“Планираните подготовки и натпревари целосно се реализираа. Во овој период Блажевски и Богдановски настапија на Arena Pro Сwim Series во Меса (Аризона) и Шарлот (Северна Каролина). Финансиските трошоци за овој натпревар во целост ги покри Македонскиот Олимписки Комитет. Следниот натпревар на кој настапија беше на Arena Pro Swim Series во Шарлот (Северна Каролина) од 14-17.05.2015 година.

Во целост трошокот на пливачите за овој натпревар го покри Македонскиот Олимписки Комитет. Во овој период двајцата пливачи направија подготовки, и тоа Блажевски беше на подготовки во Насау, Бахами, а Богдановски во Колорадо Спрингс (САД). И за овие подготовки трошоците ги покри МОК.

Настапите и подготовките во овој период за двајцата беа доста успешни што се должи со исполнети норми за настап на Светското првенство во Казан, Русија. Веднаш по Светското првенство Блажевски и Богдановска ќе настапат и на Светскиот куп во Москва од 11-12.08.2015 година. Можам слободно да кажам дека благодарение на огромната поддршка и големото разбирање на Македонскиот олимписки комитет кој досега во целост ги покри сите финансиски трошоци за двајцата пливачи, нивната планирана програма во целост се исполни”.
Сите ние веруваме дека Марко Блажевски и Анастасија Богдановски ќе го пружат своето најдобро и ќе постигнат одлични резултати на претстојното Светско првенство.