Извештај од Трансверзала Љуботен – Охрид 2015

Обновената традиција продолжува и оваа 2015 година, организирано поминување на Првата Македонска трансверзала Љуботен – Охрид.

Во прекрасни временски услови во траење од 9 дена, пеш беше помината трансверзалата во должина од над 200 км. Девет дена со осум ноќи преспиени на над 2000 мнв, дваесетина планинари од Македонија и еден од Холандија уживаа во прекрасните планински пејсажи.

Погледот од овие висини нема крај, а чувствата се безбројни од сите бои, погледи, впечатоци кои се редат во недоглед од нашата Македонија. Многубројните извори се прекрасен освежувач за душа и тело, а посебно ледничките езера, тие те мамат да влезеш и го отпливаш тешкото во идилични услови каде посебно адреналински се истакнуваше Марио. Успеавме да видиме и дел од богатата флора и фауна – диво коза, лисица, зајак, срна и секако разноврсни цветови, чаеви, шумски јагоди, диви цреши и дури две вргањчиња.

Искачени беа сите 8 контролни точки, со што се стекнавме со позната трансверзална значка. Сè на сè прекрасно доживување и причина повеке за догодина да ја продолжиме обновената традиција.

Водачи беа Мијалчо и Зоран од Планинарско друштво „Трансверзалец” од Скопје, во период од 03.07 до 11.07.2015. Да нагласиме дека секој учесник носи со себе цел дом со ранци од 20 до 25 кг.