Доживејте ги Бистра и Галичник на велосипед!

Авантура на велосипед во Галичник!

На задоволство на сите љубители на авантурата, од Јуни 2015 година во Галичник може да изнајмите опремен планински велосипед и заедно со вашето друштво да ја разгледате убавината на Бистра возејќи планинско велосипедска тура. 

Галичник и Бистра нудат убавина која одзема здив, погледи во природа кои треба да се доживеат на поразличен начин од вообичаениот.

Како авантуристичка алатка за љубителите на природата, велосипед сега може да изнајмите во Галичники да организирате велосипедска тура која би се одвивала на Бистра и тоа во атарот на селото Галичник, Селце, Тресонче, Лазарополе, Маврово и Мавровското Езеро и околните бачила. Изнајмувајќи велосипед, може да возите тура која ќе ви ја води и организира водач или пак да си организирате тура во ваша сопствена режија. Изборот е ваш дали ќе го организирате вашиот тим билдинг на велосипед, вашата друштвена или романтична авантура. Во понудата со велосипедите, организаторот се грижи и за вашата безбедност, така што за време на турата добивате и заштитни кациги и дополнителна опрема како сигнални светла и ракавици за велосипед. 

Покрај авантурата, организацијата и планирањето на турите, организаторот нуди угостителски услуги во традиционалната гостилница “Баба и деде”, каде може да пробате Галичко сирење, комат, бакрдан и други специјалитети. Сето ова не би било комплетно доколку не би имале каде да се сместите и да преноќите, за утредента да почувствувате ново искуство на Бистра. Како додатна услуга, во склоп на велосипедските тури и гостилницата, организаторот нуди и сместување во нови и современи апартмани. Сето ова на едно место, во Галичник!