Свеж босилек во масло

Добра идеја за вишокот босилек. Вака приготвен може да отстои во фрижидер и до 2 години.

 
  • листови босилек
  • морска или хималајска сол
  • ладно цедено маслиново масло
 

1. Листовите босилек се берат и убаво се мијат под млаз вода, па се сушат во чиста крпа.

2. Во тегла се реди ред босилек, се наросува сол, па се налева масло, се додека не се пополни теглата.

3. Теглата се чува на ладно, во фрижидер и може да стои до 2 години.