Ражничи од млади компири
Одличен додаток на ручек со месо, но и сами по себе оброк во комбинација со добро сирење…
- млади компирчиња
- маслиново масло
- оригано
- бибер
- босилек
- рузмарин
1. Компирите треба да бидат приближно иста големина.
2. Се варат околу 10тина минути со малку сол.
3. Се припрема смеса од маслото и зачините.
4. Компирите се редат на дрвени стапчиња за ражничи и се валкаат во смеата од зачини.
5. Се печат во загреана рерна.