Голманската Академија “Ивановиќ” одржа голмански камп во Струга

Голманската Академија Ивановиќ  од 28.06 до 03.07.2015 одржа голмански камп во Струга, на терените на ФК Караорман. На кампот учествуваа 6 деца од различна возраст (генерации 1999-2003). На кампот се тренираше двапати дневно а помеѓу тренинзите времето се исполнуваше со најразлични едукативни предавања кои беа вршени од тренерот Филип Ивановиќ. Во иднина се надеваме дека бројот на заинтересирани деца ќе се зголеми и овој камп ќе стане традиционален.