Сите правци водат кон Миравци >>

Си беше еднаш еден Рај, го викаа Белиот а потеклото му водеше од Миравци. А како што пријателот Марио вели, сите правци водат кон Миравци, тие несомнено водат и кон Белиот Рај. Никогаш нема да го заборавам денот кога за прв пат стапнав во рајот. 

20четрнајста, лето. Се забораивме на одмор печеснаес дена, од плажи на море, во кампови, па во центарот на центарот на мрзливиот Дојран и еден ден се појави Мики Штипски (не Мики Ли, ами друг) со точак. Си правел тура од Штип до Дојран па успат навратил на Белиот Рај во Миравци. 

Понудата беше инстантно прифатена. Јас, Тина, Зоља и Мето тргнавме на еднодневна екскурзија, па после малото утнување на патот, се најдовме во делот од Македонија што Џамбазов често го споменуваше на Супер Бинго.

Планот не беше никаков, ама кога ги видовме малите базени на Стара Река, што ќе ти план. Разладување до типот – пиво и базен беше на дофат па така реално немаше никаква потреба од ништо друго. Во текот на уживањето Тина повлече муабет да појдеме и да го разгледаме кањончето по течението на реката.

Искрено, природата во овој дел е фантастична и самата река направила еден куп скриени кањони, поточиња и водопади. Решивме да тргнеме и после кратко време веќе немаше враќање назад. Само напред. 

Мала дигресија – Мики, ти должам доказ дека се џитнавме од тоа карпетината. 

Убав ден за паметење. Спонтана аватнура нешто налик нашето однесување на крајот од ова мало видео. Топло како летово препорачувам посета на Белиот Рај.

Еве тука е Миравци