Печени тиквици

Тавче со тиквици одлично како за вечера или мезе…

 
  • 1 тиквичка
  • 4 јајца
  • 4 лажици брашно
  • прстофат сол
 

1. Тиквичките се сечат на тенки тркалца.

2. Во подлабок сад се прави смеса од јајца, брашно и сол.

3. Секое тркалце се потопува во смесата, а потоа се реди на плех, обложен со хартија за печење.

4.Се печат на 200 степени, додека да пожолтат и се сече според желба и апетит со нож за пица.