Ароматична векна
Стариот леб во ново пакување…
- 1 векна стар леб
- 50 грами кашкавал
- 50 мл маслиново масло
- 4-5 чешниња лук
- босилек
- магдонос
- бибер
- буковец по желба
1. Векната леб се засекува на парчиња, но не до крај.
2. Во подлабок сад се мешаат маслото, истолченото лукче, насецканиот босилек и магдонос.
3. Со смесата се премачкува помеѓу парчињата леб, па одозгора се ренда кашкавал.
4. Векната се витка во фолија и така се пече 20 минути на 200 степени, на крај малку се открива за да зарумени и крцка.