Емил Павлов освои бронза во Баку

Емил Павлов го освои бронзениот медал на првите Европски игри Баку 2015 во карате категоријата – Кумите -60кг.

Емил Павлов во својата прва борба на Европските Игри во Баку против Евгениј Плахутин (Русија) оствари нерешен резултат. Во втората борба со резултат 2:1 го победи Агуџил Софијан (Франција), а во третата борба против Марко Антиќ (Србија) оствари нерешен резултат кој го одведе во полуфиналето, каде што се сретна со Фирдовси Фарзалиев (Азербејџан),

Иако на една секунда до крај на борбата, Емил Павлов имаше водство од 4:2, тој го загуби мечот од својот противник Фарзалиев (Азербејџан), заради своја грешка и беше дисквалификуван. 

Денеска тој истотака настапи во борба за бронзениот медал каде што со 2:0 го совлада Антиќ (Србија). Големо браво за Емил и искрени честитки за овој голем успех на македонското карате!!