Со заеднички сили до медал во Баку

Македонскиот олимписки комитет во целост финансиски ги покри финалните подготовки на нашите најдобри каратисти Емил Павлов и Мартин Несторовски кои ќе учествуваат на првите Европски Игри во Баку (Азербејџан).

Тие, заедно со своите спаринг – партнери Тодор Ристески, Ненад Келебиќ, Симон Антиќ и Берат Јакупи се на заеднички подготoвки во Охрид, кои започнаа на 28 Мај и ќе траат до 6 Јуни 2015 година. Подготовките ги води селекторот на репрезентацијата Петар Белистојаноски.

Македонскиот олимписки комитет и Карате федерацијата на Македонија, заедно, силно веруват дека нашите најдобри каратисти ќе бидат првите македонски спортисти кои ќе се закитат со медал на ЕИ БАКУ 2015