БАЛКАНСКО ПРВАНСТВО ЗА ДЕЦА ОД 11 ДО 14 ГОДИНИ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ - ЦРНА ГОРА

Идризи по четврти пат на Балканското првенство

На 29-31 Мај 2015 во Херцег Нови (Црна Гора) ќе се одржува балканското карате првенство за деца од 11-14 години. На овој голем настан ќе учествува и Балканскиот првак Абдурахим Идризи кој стана државен првак и стана дел од државната репрезентација на Македонија.

На 29-31 Мај 2015 во Херцег Нови (Црна Гора) ќе се одржува Балканското карате првенство за деца од 11-14 години.

Јас, Абдурахим Идризи, четири пати учествував на државното првенство во двете дисциплини и станав 6 пати државен првак, еднаш вицепрвак, а друг пат освоив бронзен медал. Додека на Балканските првенства ќе учествувам по четврти пат, додека предходните три пати станав двократен Балкански првак, двократен вицепрвак и два пати освоив бронзен медал.

Овој викенд очекувам да тријумфирам и да се вратам со Балкански медал.