Овошен сендвич
Јаглехидратен појадок, за голема доза гликоген. Ова е оброкот кој ќе ве одведе од старт до цел без калориска криза…
- 1/2 багет
- 1 банана
- 2 лажици џем по избор
- 1 лажица сусам
- 1 лажица мед
Од сите состојки направете си сендвич според ваша желба. Џемот може да биде каков било, според вашиот вкус.
Пред да стапнете на стаза, важно е гликогенот, кој е основна храна за мускулите, да биде на високо ниво. Тоа се постигнува со јаглехидратна вечера и појадок кој исто така изобилува со јаглехидрати неколку часа пред трка.
Важно е да експериментирате додека тренирате, кој вид и која количина на храна и течности му одговараат на вашиот желудник, пред да се изложите на напор, за веќе пред самата трка да ја имате добитната комбинација.
ЧЕСТИ ГРЕШКИ ВО ИСХРАНАТА ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛУ/МАРАТОН