Уникатно скијачко искуство и запознавање на Персиските планински капацитети

Девојките скијаат во Иран

Неодамна, екипата составена од една Французинка, Швајцарка, Русинка, Иранка и Македонка ги поставија основите на проектот „Девојките го скијаат Иран“.  Освен прекрасните снежни пејажи на неоткриените Ирански планини, бевме позитивно изненадени од културата, гостољубивоста на народот, како и сличниот животен стил со нашите колеги- зависници од снегот.

5 жени: Ванеса, Естел, Илина, Марион и Оксана. Сите со различно потекло, амбиции и професии, но една заедничка пасија – свеж снег … А потоа, слободно скијање/фрирајд, телемарк, ски или сноуборд не е важно. Токму за меѓународниот ден на жената 8ми Март заминуваат во Иран за да ја запознаат својата дотогаш незнајна снежна сестра – иранската сноубордерка Мона Сераџи. 

Повеќе инфо и фотки може да погледате на блог www.ilinaarsova.blogspot.com  или во следното издание на Теа Модерна