Одржан Првиот Конгрес на Физиотерапевти на Македонија

Првиот Конгрес на Физиотерапевти на Македонија се одржа на 26 Март 2015 година во 16 часот во конгресната сала на МАНУ во организација на Здружението на Физиотерапевти на Република Македонија (ЗФРМ).

Конгресот официјално беше отворен од Академик Поленаковиќ од Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија „Георги Ефремов” Претседателот на ЗФРМ Г-дин Далибор Стојановски му врачи благодарница на Секретарот на МАНУ Др.Владo Матевски за дадената подршка за одржување на настанот во МАНУ .

Во периодот на на четири дена ,беа презентрани 34 предавања и 5 постер презентации со кои беа обработени теми од спортската, педијатриската, кардиоваскуларната, невролошката, и посттрауматската рехабилитација и респираторната терапија. Специјален гостин на настанот беше Професор Силверио Ди Рока од Италија кој за прв пат во Македонија ја презентираше Миофункционалната Постурална рехабилитација .

Конгресот допринесе во информирањето и пренесувањето на новите светски достигнувања на Физикалната терапија и рехабилитација а воедно го презентираше и напредокот на македонските физиотерапевти . На конгресот се одржаа и неколку работилници некои за прв пат во македонија од сертифицирани физиотерапевти за Лимфна дренажа и менаџмент на лимфедемот, комбинирани мануелни техники , Mirror Therapy,Функционална Магнетна стимулација, и други нови популарни техники од светската физиотерапија .

Конгресот го посетија 130 физиотерапевти од Македонија и од околните балкански држави Бугарија, Турција, Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Босна Херцеговина но и од Италија, Швајцарија и Велика Британија. Во периодот додека траеше конгресот учесниците имаа можност да уживаат во изложбата “Гушни ја реткоста” која беше создадена по повод светскиот ден на ретки болести и за истата придонес дадоа популарни личности од јавниот живот кај нас и лица со ретки болести.

Претставници од националната алијанса за ретки болести беа присутни во текот на конгресот и имаа исклучителна можност на лице место да се консултираат со физиотерапевтите и да ги споделат своите потреби. Во соработка со платформата за активизам “Лице в Лице” колпортерите на истоимениот магазин беа присутни во текот на конгресот со што учесниците на конгресот можеа да го набават магазинот и директно да ги подржат социјално ранливите категории на луѓе од нашето општество.