Најефикасно средство против брчки – спорт

Најефикасно средство кое може да го успори процесот на стареењето на кожата и формирање на БРЧКИ е редовното спортување и рекреирање.

Козметичките индустрии произведуваат и продаваат огромна палета АНТИРИД препарати со какви не, па дури и сомнителни состојки, но сепак, редовното спортување на чист воздух со нормална хидратација на телото е најприродниот и најефтинот препарат за убава кожа.

Канадските научници од универзитетот Мекмастер испитувале доброволци на возраст од 20-84 години. Анализирале примероци на кожа земени од глутеалната регија т.е. регијата на задникот како најзаштитен дел од телото од надворешни влијанија, пред сè од сонцето. Испитувањата на кожните и поткожните слоеви (дермис и епидермис) довеле до одредени заклучоци.

Сите особи постари од 40 години кои активно се бават со спорт имаат по сите карактеристики горе-долу 20 години помлада кожа за разлика од оние кои не биле толку активни во нивните животи. Редовните тренинзи се одлична шанса кај сите, без разлика на возраста да си ја освежат својата кожа и да ја направат сјајна, мазна и здрава.

Д-р Марк Торнополски кој го водел ова испитување вели дека тајната лежи во молекулите наречени цитокини кои со физичка активност ја фаворизираат комуникацијата на клетките по крвен пат. Стимулацијата на протокот на крвта е основа за добра оксигенација, дотур на хранителни продукти и елиминација на крајните продукти на метаболизмот.

Сите отровни супстанци случајно или неслучајно депонирани во кожата единствено се елиминираат со добра прокрвеност. Секое движење, секоја спортско-рекреативна активност стимулира стварање на повеќе колаген и на редица други протеини кои намалуваат стварање на БРЧКИ и стареење на кожата.

Препораките за редовна спортска активност со оптимална хидратација на телото пред и после тренинг се вклопува со ЈАК ТЕЛЕСЕН СИСТЕМ со ЗДРАВА и УБАВА КОЖА.

Доволно се 2-3 часа неделно за да си ја освежите и подмладите кожата…..