Прво беше ѓубре, сега е скејтборд

Скирол од канти поликолор

За овогодинашниот „Час на планетата земја” (кој патем ќе се одржи на 28ми месецов) 15 уметници од целиот свет беа замолени од World Wildlife Fund да направат некакви корисни објекти користејќи стар отпаден матерјал т.е. на еден начин да му дадат втора намена на ѓубрето. За наше задоволство еден од нив беше и Мек Примо, креативен тип кој со неговото другарче направија скејт од канти поликолор. Фантастично!

Повторната употреба ни старите работи кои не се мафтаат по нашата куќа е еден од начините на кои луѓето позади овој проект сакаат да стимулираат што повеќе други луѓе на планетава да живеат на еден еколошки почист начин. 

Финтата во водењето на еколошки чист животен стил не е секојдневно и беспотребно да купуваш нови и нови работи за твоите и онака излитени и измислени потреби туку да ги искористиш оние старите кои се веќе „ѓубре” и со тоа индиректно да влијаеш врз твојот еколошки футпринт – тоа се вика РЕЦИКЛИРАЊЕ.

Во погорното маестрално видео Мек и Сенфорд размислувале на темата и дошле до идеја да се искористат старите пластични канти од поликолор и со нивна помош да направат различни типови на скироли кои инаку се доста скапи и за нивното производство се трошат матерјали, енергија итн. 

Идејата тука е тоа што скиролот е практично бесплатен, освен работната рака, односно целосно се изградени од пластика и дрво кои инаку често завршуваат како ѓубре и ја загадува нашата чиста околина. 

Повеќе за проектот ТУКА

Автор

Ekologika

Берово

Македонија