Екологика

Лекот е во бавчата

Урбано, здраво, домашно, си растеш храна за своите потреби и здравјето ти цвета…

Урбаниот живот е сè помалку запозаен со одгледување на храна која значи здравје за својот организам. Како што брзаме да го достигнеме развојот на западните земји така сè помалку луѓе активно се вклучени во сопствено растење на зеленчук и овошје со кои си го чуваме здравјето и контролата на сопствената исхрана.

Но, сè повеќе урбани примери од развиените земји го покажуваат почетокот на една нова култура, урбаното градинарство со кое домаќинствата свесно се грижат за своето здравје и здравата животна околина, одлучувајќи се да ги заменат тревниците со градина од која ја полнат својата трпеза со здрава храна.

Пример за една ваква контра офанзива се револуционерниот пар Мишел и Џосе кои живеат во високо развиено општество во францускиот дел од Канада. Навлегувајќи во своите 50ти, со зголемени проблеми од прекумерна тежина и висок крвен притисок, се одлучиле да променат одредени работи во својот живот е со кои ќе можат да имаат поголема контрола на своето здравје. Својот преден двор го претвораат во урбана градина од која што добиваат 80% – 90% од потребната здрава исхана, а со тоа започуваат и да ја промовираат новата урбана култура на свесно однесување за своето здравје и здравјето на животната средина.

По успешиот старт на својата градина на предниот дел од својот дом, резултатот бил намалување на телесната тежина, нормализиран крвен притисок, зголемена активност и контрола врз својот живот, како и запознавање со луѓето од својата околина со кои разменуваат мислења, наместо дотогашното живеење одсечени едни од други.

Социјалниот аспект на нивната градина и своевидната револуција во нивното општество започнале со добивањето молба од градските власти да ја намалат својата градина и повторно да насадат тревник на поголемиот дел од површината од дворот. 

Знаејќи дека се во право, не ја послушале молбата и наместо тоа се вклучиле во кампања за зачувување на правото за сопствена градина во својот преден двор, правејќи петиција на која се потпишале 29000 луѓе за 1 месец. Битката резултирала со менување на локалните регулативи и овозможување на секое домаќинство да може слободно да го користи нивниот пример и да создаде сопствена градина за зеленчук и овошје во својот преден двор.

Моментумот кој израснал поради нетипичниот, но многу здрав изглед на дворот станал почеток на сега активното промовирање и помагање на повеќе градови да ги адаптираат своите регулативи за поголемо прифаќање на новата урбана култура.

  • „Нема потреба од постојани разговори дека некои работи мора да се променат, се што треба се примери, алатки и малку едукација, луѓето се спремни за новиот еко животен стил. Пред неколку години не знаевме ништо за урбаното одгледување храна, што значи дека секој може да го направи тоа што го направиме за нашето поголемо здравје и контрола во својот живот, се што треба е да се засукаат ракавите и да се одлучите да почнете.” – Мишел, за совесното еко однесување.

Во продолжение, опуштено со нивната приказна…