Дали навистина ви треба „ладење” после тренинг

Загревањето е задолжително пред било каква физичка активност, но дали „ладењето” т.н. cool down е потребно после секој тренинг?

Загревањето пред секој тренинг е задолжителна алатка која ќе го припреми вашиот организам, мускулите, белите дробови и срцева активност за вежбањето и е исклучително важно за спречување на повредите и од ова не треба да има отстапувања.

Од друга пак страна, т.н. „ладење” после физичката активност кое опфаќа постепено намалување на интензитетот со кој сте вежбале и специфични истегнувања и релаксирање на одредени мускулни групи кои најмногу биле засегнати не е секогаш задолжително.

Истото најмногу зависи од самиот тренинг кој сте го практикувале. Кога сте минале низ некој полесен тренинг со не толку интензивни вежби тоа најчесто не е потребно нити пак задолжително, но ако на репертоар ви било посериозно темпо или вежби со поголем интензитет тогаш постепеното ладење и истегнување се многу важни за да можат специфичните мускулни регии кои биле најзасегнати коректно да се вратат во нивните првобитни состојби.

Во продолжение следат неколку примери за правилно „ладење” при одредени тренинзи

1. После трчање убаво е да се направи статично истегнување на предната и задната ложа и целата карлица т.е. региите кои најмногу работеле во текот на трчањето но не ги заборавајте и листовите т.е. потколените мускули. Најдобар начин за нивно релаксирање е користење на пенаст ролер или тениско топче со кое што ќе се измасирате од потколената јама се„ до скочниот зглоб и ќе ги ослободите мускулите од напнатоста.

2. После возење велосипед телото ви е најчесто во подискривена позиција па особено важно е да направите истегнување и исправање на ′рбетниот столб и градниот кош.

3. Кога сте практикувале некој спорт пр. фудбал, ракомет, баскет или тенис честопати движењата создаваат затегнатост во мускулите од карличната регија па затоа направете неколку исчекори или чучнувања за да ги релаксирате овие мускули.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија