Во чест на winter bike to work day
Мобилни ама активни
Ако МОБИЛЕН АМА ПАСИВЕН начин на транспорт објаснува користење на моторизирани средства (автомобили, мотори, јавен сообраќаен транспорт), лесно е да заклучиме дека МОБИЛНИОТ АМА АКТИВЕН начин е користење на велосипед, ролери или одење пеш.
Промоцијата на здравствените и еколошките придобивки од активното патување на работа е основна задача и заложба на сите луѓе и фактори. Физичката активност треба да биде вградена во структурата на секојдневниот живот. Развиената свест за користење на велосипеди како најефикасна алатка за до работа секако бара и соодветни и безбедни патеки во повеќе дестинации, со соодветни сообраќајни приоритети.
Кои се придобивките?
-генерално подобрен здравствен профил на сите луѓе;
-помалку боледувања;
-зголемена кондиција на популацијата;
-намалена стапка на обезитас – гојазност;
-зголемена работоспособност;
-зголемена работна креативност и концентрација;
-ведри луѓе;
-подобрен семеен буџет;
-намалена потрошувачка на гориво;
-намалена емисија на гасови.
КОРИСТЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИТЕ И ОДЕЊЕ ПЕШ ДО РАБОТА Е БОРБА НА РАЗУМОТ И ЕКОЛОШКА СУБВЕНЦИЈА ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ ПОНАТАМУ.