#СакамСпорт co Allga San

Важни совети за скијачите почетници

Спортовите на снег бараат голема физичка подготвеност, но за жал повеќето рекреативни скијачки не се свесни за тоа. Повеќето од нив не партиципираат во вонсезонски или „суви” припреми во текот на годината и едноставно, кога ќе отидат на скијање, само застануваат на скии и се спуштаат по снежните падини.

Но всушност, ризикот за повреди е навистина голем доколку не сте доволно физички подготвени. Скијањето не е само рекреација за во зима, туку е сериозна активност која треба да биде продолжување на вашите физички активности во текот на годината.

Плус, она што е апсолутно задолжително пред да застанете на скии и да тргнете по белите пространства – е загревањето и истегнувањето – и пред, и по скијањето.

Загревањето и истегнувањето не се опција, тие се задолжителни – со една единствена цел: да ги спречите болките и повредите!

Загревањето и истегнувањето наутро, пред да одите на скијање, ги подготвува мускулите за физичкиот напор во текот на денот.

Истегнувањето на крајот на денот, пак, ќе ги релаксира мускулите и ќе ви помогне да се „спасите” од грчевите наредното утро.

Правило број 1: Пред да излезете надвор, загрејте ги мускулите со Allga San Мобил гел.

Allga San Mобил гел ќе допринесе за подобра искористливост на мускулите и ќе го намали собирањето на млечната киселина во нив, односно ќе го намали ризикот од мускулно воспаление.

Правило број 2: Никогаш не тргајте на скијање без загревање! 

Она што следи е загревање на мускулите со различни вежби, за да се спречат можни повреди. Овие вежби се „суви” вежби, нив треба да ги правите пред да тргнете кон терените!

А. КАРДИО АКТИВНОСТ
Започнете со лесно трчање во место, за да го зголемите протокот на крвта во мускулите, загревајќи ги и опуштајќи ги. Потоа можете да преминете и на скокови, како на пример скокање на јаже (со или без јаже ☺) или „Jumping jacks” – уште една одлична вежба за циркулација. По кардио активноста, преминете на истегнување на сите главни групи на мускули, за да ги подготвите за поголем напор.

Б. ИСТЕГНУВАЊЕ НА РАЦЕТЕ И НОЗЕТЕ
Било кои вежби за истегнување на рацете и нозете ќе завршат работа – кругови со рацете, „пливање” со рацете, истегнување на нозете особено на предната мускулатура на надколеницата која ја носи и најголемата улога во скијањето.

В. ИСТЕГНУВАЊЕ НА ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ТЕЛОТО
За да го истегнете горниот дел од телото, можете да ги ставите рацете на колковите и да го движите телото од лево кон десно и обратно, а потоа во правец на движење на стрелките од часовникот, и обратно. Исто така, можете да се обидете да ги имитирате движењата на рацете и колковите кои ги правите додека скијате.

Г. ЧУЧНУВАЊА ЗА ДОЛНИОТ ДЕЛ ОД ТЕЛОТО
Чучнувањата ќе ги загреат мускулите од долниот дел на телото. Важно е да ги правите правилно: со исправен грб, затегнати стомачни мускули, рацете исправени пред вас или зад главата… и секако, да чучнете што е можно подолу.

Правило број 3: 10 минутно загревање треба да направите и на терен! 

Кога ќе дојдете на терен, направете уште еден сет истегнувања на скии:

А. Истегнување на рацете и нозете на скии
Истегнете ги рацете и нозете допирајќи ги со двете раце чевлите за скијање (од надворешната страна), прво на едната, а потоа на другата нога.
Б. Чучнувања на скии
Важно е да бидете на рамна површина. Направете неколку серии чучнувања на скии, држејќи ги рацете исправени пред вас, грбот исправен, а стомачните мускули затегнати.

Одлично, загреани сте и подготвени за скијање ☺!

Правило број 4: Истегнете се по долгиот и напорен скијачки ден!
Класичното истегнување на рацете, нозете, вратот и грбот кое е дел од секоја „вежбачка рутина” важи и за завршување на скијачкиот ден. Истегнување на нозете и рацете, длабоко дишење, истегнување на вратот и ‘рбетот, сите овие вежби се задолжителни за спречување на појава на грчеви наредното утро. Не ги заобиколувајте и ќе се чувствувате многу многу подобро!

Правило број 5: Завршете го денот со Allga San Мобил гел!
Веднаш штом ќе се вратите назад во вашата соба, опуштете се со топол туш и намачкајте се со Allga San Мобил гел. Масажата со овој гел е исклучително ефикасна, полезна, релаксирачка и ароматерапевтска – за максимално намалување на болката и пријатно чувство на целото тело. Allga San Мобил гел – лесно се масира, длабоко продира и природно ослободува!