Не, трчањето со посилно темпо нема да ве убие

Пред неколку недели во оптег беше пуштена студија чиишто заклучок вели дека трчањето со посилно темпо го зголемува морталитетот кај луѓето. Студијата фати виралитет по социјалните медиуми, но ретко кој ја разгледа и обелодени темелно во нејзината целост.

Студијата беше објавена во часописот на американскиот факултет по кардиологија и во кратки црти таа образложува дека лицата кои од 2001  година досега не се вклучувале во понапорна физичка активност (туку џогирале со поумерено темпо) имале помала стапка на морталитет од оние кои во нивното секојдневие вклучувале и трчање со поголемо темпо.

Многу од медиумите ја превземаа студијата и ги пласираа овие заклучоци но ретко кој од нив реши да погледне подлабоко во начинот на нејзиното изведување, бројките и деталната статистика.

Блогерот Алекс Хатчисон, физичар и човек што редовно трча реши да погледне подлабоко во епидемиолошкиот пристап на самата студија. Она што тој откри е дека студијата е “сиромашно” поставена и изведена, групите на испитаници се во голема мера неусогласени односно групата на помалку активни е за три пати поголема од онаа што поактивно вежбала и истите се небалансирани во однос на возраста и полот.

Во продолжение тој вели дека заклучокот на студијата е донесен врз основа на два смртни случаеви кои се случиле во оптег на 10 години без сознание за начинот на кој што тоа се има случено, дали од срцев удар или можеби несреќен настан.

Во меѓувреме, многу повеќе студии кажуваат дека редовното вежбање, па и повременото внесување на повисок интензитет во секојдневието е од клучно значење за зајакнување на здравјето на човекот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија