Кога да вежбате за наејфикасно да слабеете

Иако темава е далеку од едноставна, постои научно објаснување за точниот дел од денот кога вежбањето може да ви обезбеди најефикасно слабеење.

Значи, пред да започнеме со оваа, повторуваме постара статија!! кадешто подлабоко е објаснета тесната поврзаност помеѓу внатрешниот биолошки часовник на човекот, типот на тренингот, исхраната, сонот, периодите на вежбање, хормоните и уште многу други фактори кои треба да се припазат кога човек започнува со некаков тренинг режим и водење на здрав живот. Со ова сакаме да потенцираме дека сите организми се различни и секогаш треба да се почитуваат индивидуалните потреби и можности на луѓето, а не да се работи по одредени шаблони.

Од друга пак страна, скорешните научни сознанија добиени од експериментални студии може да се само мала дополна кога во прашање е слабеењето што често знае да биде тешка задача за некои поединци. 

Имено, доказите од студијата правена во Белгија покажуваат дека приодот кон слабеењето кој носи најдобри резултати е поставување на тренинзи рано наутро на гладен стомак. Се верува дека вежбањето во овој период и на „празен“ стомак повлекува метаболни процеси во организмот кои согоруваат повеќе калории во текот на остатокот од денот. 

Во експериментот поделени биле три групи кои следеле иста исхрана со зголемена калориска вредност (30% повеќе јагленохидрати и 50% повеќе масти – од нормалното) и во текот на шест недели едните не вежбале ништо, другите имале тренинг после појадокот наутро, а третите го правеле истиот тренинг од втората група само што тоа го правеле пред појадокот наутро, на празен стомак. 


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА – УТРИНСКО ВЕЖБАЊЕ ЗА ЕНЕРГИЈА И КОНЦЕНТРАЦИЈА


Резултатите покажале очекуван пораст во тежината и промени во инсулинската резистенција на првата група (онаа која не вежбала, туку само јадела), слични резултати имале и испитаниците во втората (имале покачување на нивната маса), а оние кои вежбале пред појадокот и покрај тоа што ја следеле истата исхрана, успеале да се одржат на нивната претходна тежина и здравствена состојба (од аспект на инсулинска резистенција).

Сознанијата од оваа студија нека ви бидат само мали помошни информации во пронаоѓањето на оптимална стратегија за слабеењето кое најубаво е да биде под надзор на професионален тренер токму поради големиот број на фактори споменати во првиот пасус. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија