Интегрални крекери со маслинки

Вкусна основа за секој намаз.

 
  • 80 грама овесни снегулки
  • 120 грама интегрално брашно
  • 7-8 маслинки
  • 1/4 лажиче сода бикарбона
  • 1/4 лажиче прашок за пециво
  • 1/4 лажиче сол
  • 1 лажица рузмарин
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажица растопен путер
  • 100 мл млака вода
 

1. Сите суви состојки се соединуваат во еден подлабок сад.

2. Во друг сад се мешаат маслото, водата, путерот, маслинките сецкани ситно.

3. Се замешува тесто од сувите и влажните состојки и се остава во фрижидер околу половина час.

4. Се расукува тесто во дебелина од половина сантиметар и се сечат посакуваните облици. Тепсијата за печење се обложува о хартија.

5. Крекерите се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.