Вкусно полнети тортиљи

Топли и вкусни, како за на ладен зимски ден.

 
  • Тортиљи
  • По едно јајце за секоја тортиља
  • 1 кромид
  • сецкани маслинки
  • ајвар
  • рендано сирење
  • сушен босилек
  • путер
 

1. Тортиљите се премачкуваат со малку путер.

2. Се додава кромидот сецкан на кругови, а во средина се крши јајцето.

3. Останатите состојки се додаваат по страните и се пече на 200 степени околу 10 минути.