Најдобрата комбинација за слабеење и затегнување

Покрај исхраната која игра екстремно важна улога во добивањето на квалитетни резултати, соодветната комбинација на силов тренинг со тегови и кардио вежби, а не само едното или другото ќе ви ги намалат килограмите, но и масните наслаги од струкот. 

 

Кога во прашање е слабеењето и „симнувањето“ на масните наслаги од телото често пати постојат различни мислења и искуства во врска со најдобрата варијанта и комбинација на тренинг кој дава најефикасни резултати.

Некои сметаат дека кардио вежбите се супериорни, некаде пишува дека на вежбите со тежина „им нема рамен“ за оваа проблематика, но јасно се знае дека во соодветната комбинација и баланс помеѓу овие два типови на тренинг лежи клучот на успехот. Покрај искуствата на многу тренери, сега работава се реши и во една студија.

Истражувањето правено во период од 12 години на околу 10,000 возрасни мажи покажа дека силовиот тренинг е супериорен во топењето на масни наслаги во струкот и „проблематичните“ регии во споредба со било која кардио вежба.

Имено, во истражувањето беше пронајдено дека оние испитаници кои посветувале 20 минути повеќе на дигање тегови отколку другите имале помалку масни наслаги и полесно го контролирале нивното наталожување во струкот за разлика од оние кои поголемиот дел од вежбањето го трошеле на трчање или возење велосипед.

Сепак, кардио вежбите се покажале пак супериорни кога е потребно целокупно намалување на тежината и одржување на истата на саканото ниво.


Повеќе на темата: КАКО НАЈБРЗО ДА ГИ ИЗГУБИТЕ СТОМАЧНИТЕ МАСНИ НАСЛАГИ?


Клучот, како што досега повеќе пати сме кажале лежи во избалансираната комбинација на двата типови на тренинг изведувани со соодветен интензитет и на редовно ниво заедно со правилна исхрана.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија