Одржано 23-тото Собрание на Македонскиот олимписки комитет

На 24 Декември, се одржа 23-тото Собрание на Македонскиот олимписки комитет на кое членовите на Собранието го разгледаа и прифатија годишниот извештајот како и извештаите на Комисиите на МОК.

Собранието на МОК ја одобри и одлуката на УО на МОК, за формирање на Спортско арбитражен суд при МОК (САС). За Претседател на САС беше избран проф. д-р Тони Дескоски, а за заменик претседател беше избран проф.д-р Горан Кoевски кои доаѓаат од Правниот факултет “Јустинијан I” при Универзитетот “Св Кирил и Методиј” – Скопје.

Членовите на Собранието дебатираа за условите во кои опстојуват НСФ-ии и нашите најдобри спортисти, за менаџирањето на НСФ-ии, како главни носители на дејноста спорт, кои ќе треба да изнајдат начин за обезбедување на сите можни ресурси, зачувувајќи ја при тоа својата автономија и независност во работата. Есенцијално во работата на НСФ-ии ќе биде да се постави и ефикасен систем на идентификација на млади таленти на национално ниво, кои со помош на квалитетен стручен тренерски кадар ќе бидат селектирани и трансфморирани во врвни спортисти.

Согласно позитивните законски прописи, извршени беа измени и дополнувања на Статутот на МОК, а Самбо федерацијата на Македонија е примена за нов член на Собранието на МОК, чии спортисти се дел од програмата на првите Европски игри Баку 2015.