Комерцијален текст
Медикус Хелп сетови за вежбање
Медикус Хелп спортската опрема е за секој што сака да вежба во домашни услови, надворешни услови или во сала за вежбање.
Домашен сет за вежбање
Медикус Хелп спортска опрема – за секој што сака да вежба во домашни услови. Одлична комбинација на вежби кои нема да ви одземат многу време, а ќе го доведат вашето тело во одлична кондициона форма. Зајакнете ги мускулите на вашето тело со само неколку едноставни вежби.
Квалитетната и удобна подлога ќе ви овозможи вашиот двор или тераса да ги претворите во удобна сала за вежбање. Мека и удобна подлога, медицински топки со тежина, еластични црева и ленти со различни отпори, вреќички со тежина за додатен отпор и уште многу разновидни помагала за вежбање.
Сет за понапредни вежбачи
Медикус Хелп спортска опрема за понапреднати вежбачи кои секогаш се во потрага по нови предизвици во процесот на вежбање. Голем број вежби со Медикус Хелп физиотопки, единствени на пазарот кои се тестирани до 350 кг и со АБ систем. За вежбање на поспецифичните регии, голем број вежби со пилатес прстен.
Неизбежни се и вежбите со баланс диск, со кој одлично се стимулира рамнотежата, се подобрува координацијата и балансот. Воедно баланс дискот е идеален за превенција од повреди и за рехабилитација. Одлична е комбинацијата и со меките топки со тежина кои можат да послужат како супер дополнување на вежбите со сопствена тежина.
Пилатес ролна
Медикус Хелп пилатес ролна, идеално решение за релаксирање на вашите мускули. Со едноставно користење на пилатес ролната се ослободуваат болните регии од пренапрегнатост и стрес. Пилатес ролната е задолжителна во процесот на рехабилитација и превенција од деформитети на рбетниот столб. Пилатес ролната е нужен додаток за секоја вежбална, но и корисен додаток за домашен фитнес.
Сет за превенција на рамно стапало
Медикус Хелп сет за превенција на рамно стапало – идеално решение за секој родител кој сака да превенира рамно стапало кај своето дете. Балите и ролната со својата форма и боја се вистински ʺ магнет ʺ за секое дете. Само неколку минути дневно играјќи на боцкавата површина се постигнува одлична сензо – моторна стимулација.
Играњето со сетот за рамно стапало придонесува за зајакнување на мускулите на целото тело, се подобрува координацијата и балансот на телото, а со самото тоа се превенираат деформитети на рбетниот столб и на колената.
Столица со физиотопка
Медикус Хелп столица со физиотопка – овозможува да бидете активни и додека седите. Помогнете му на вашето тело. Ослободете се од стресот и напнатоста и зајакнете ги мускулите на вашето тело со само неколку едноставни вежби.
Сет ремени за вежбање
Медикус Хелп – пријател на здравјето. Сметаме дека секој заслужува здраво и добро обликувано тело. Поради тоа обезбедивме мал фитнес центар за секого. Практичен сет ремени за вежбање кој може да го носите секаде со вас. Со сетот ремени за вежбање можете да изведувате голем број на вежби за цело тело со сопствена тежина. Сетот ремени е погоден за возрасни, но и за деца.