Абдурахи ИДРИЗИ - Балкански карате шампион

Успехот во текот на 2014 година

Во текот на 2014 година, Балканскот првак Абдурахим Идризи учествуваше на 8 натпреварувања и успеа да освои вкупно 16 мадали и тоа сите во индивидуално учество во двете дисциплини во кати и кумите.

Годината ја започна со Гранд при Кроациа, еден од најголемите турнири во регионот каде што учествуваа 1558 натпреварувачи од 18 земји, и таму успеа да освои две медали, злато во кумите и сребро во кати. Во март учествуваше на Илиџа Опен во Сараево Босна и Херцеговина, јак турнир каде учествуваа 1100 натпреварувачи од 6 земји, каде исто така се закити со злато и сребро.

После тоа се натпреваруваше на Државното прванство на Македонија каде што освои злато во кумите и сребро во кати и така стана дел од репрезентацијата на Македонија. Пред Балканското учествуваше на турнирот во Скопје, Солидарност Опен каде се закити со две златни медали.

Така во јуни како дел од репрезентацијата учествуваше на Балканското првенство во Истанбул Турција, тука имаше прекрасна изведба на катите меѓутоа немаше баш среќа и на крајот мораше да се задоволи со бронза, а во кумите стигна до финалето каде што за малку остана без златен медал. Во август по личната покана што ја имаше од страна на поранашниот светски првак Окај Арпа, учествуваше на големиот турнир во Ерзурум Турција, каде што учествуваа 2500 натпреварувачи, тука само го потврди успехот од балканското и се врати со сребро и бронза.

Во септември учествуваше на турнирот Струга Опен кој по четврти пат освојува по две златни медали. Во ноември во Приштина се одржува сенационалното прванство каде што учествува само во кати и без конкуренција станува сенационален албански првак. И за крај ја завршува сезоната бранејќи ги боите на основното училиште П.З. Пенко каде што во силна конкуренција станува државен училишен првак, во финалето совладувајќи го актуелниот балкански првак.