ЗАЕДНО ДО РИО 2016

Претседателот на Македoнскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски и пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски потпишаа Олимписки договор за стипендирање на нашите најдобри пливачи кои ќе треба да изборат норма за учество на Летните Олимписки игри РИО 2016.

 

“МОК ми обезбеди стипендија за ОИ ЛОНДОН 2012, МОК ми обезбеди и стипендија за бесплатно школување на Универзитетот во САД. Многу сум среќен што МОК повторно ми укажа доверба и се надевам дека тоа и ќе го оправдам и достојно ќе ја претставувам Македонија на ЛОИ РИО 2016 година” истакна Марко Блажевски.

“Овој договор многу ќе ми помогне во поглед на усовршувањето на квалитетот на тренинзите кои ќе бидат реализирани во многу поадекватни услови и со тоа ќе имам многу поголеми шанси за да ја претставувам Mакедонија на ЛОИ Рио 2016” година истакна Анастасија Богдановски.
Со овие договори, на нашите најдобри пливачи им следува стипендија од МОК во износ од 800 американски долари. Следниот нивен натпревар е митингот во Марибор, Словенија кој е квалификационен натпревар за учество на Светско првенство во Казан, Русија, а ќе се одржи претстојниот викенд на 13 и 14 декември. На овој натпревар покрај Марко Блажевски и Анастија Богдановски, учество ке земат и Горазд Чепишевски, Стефан Јанкуловски и Бошко Томовски под раководство на тренерот Боро Блажевски. Македонскиот олимписки комитет во целост ќе ги покрие трошоците за настапот на овој натпревар, сместувањето како и превозот на екипата со своето ново возило кое е донација од ИОК.