КРЕИРАЈТЕ ЈА СВОЈАТА АВАНТУРА СО “SILVA”

Запознајте ја врвната спортска опрема за движење и за ориентација на Silva

Silva е водечки скандинавски производител на иновативна outdoor опрема и додатоци. Нивните производи имаат најразлична примена во велосипедизмот, планинарењето, алпинизмот, трчањето, пешачењето, кампувањето и други спортови.

Семејството педометри од Silva користат посебна технологија наречена Accumotion со која се овозможува исклучитено прецизно мерење на чекорите и безбедност. Нивниот дизајн, малата тежина и водоотпорноста ги прави лесни за употреба за сите спортисти и рекреативци и особено погодни за оние кои имаат потреба од контрола на движењето како повозрасни лица или лица со здравствени проблеми.


Silva челните лампи се дизајнирани да ги совладаат и најтешките надворешни прилики. Ја користат LED технологијата со која се овозможува лесно движење во ноќни услови. 

Silva лампите имаат мала тежина, практично се пакуваат и се едноставни за користење.

Покрај спортската опрема и додатоци, особено иновативни се нивните инструменти кои се задолжителни за ориентацијата и навигацијата во просторот– компаси, мерачи на мапи, мерачи на брзина на ветар и други. Silva производите се изработени од врвни материјали и дизајнирани да одговорат на потребите на секој outdoor авантурист, но и рекреативци од сите генерации.

Светлосните додатоци за велосипеди, стаповите за пешачење и другите производи и додатоци од широката палета на Silva производите можете да ги проверите на silva.se.